Бате Борисов го совлада Баерн

Силно мотивирание Белоруси, екипата на Бате Борисов го направи големото изненадување во второто коло на Лигата на шампионите совладувајќи го ланскиот финалист Баерн Минхен со 3:1. „Батињата“ во ниеден момент не се почуствуваа инфериорни спрема големиот Баерн. Многумина коментираат дека ова и не беше некое изненадување со оглед на големата мотивација, дисциплина и начинот на кој играат Белорусите. Во првото коло, со идентичен резултат го совладаа Лил на гости. Натпреварот го судеше македонскиот интернационален судија Александар Ставрев, а и помошниците беа од нашата Македонија.

Прогнозирајте го вашиот фаворит.

Преглед на резултатите и табелите:

Е група: Јувентус – Шахтјор 1:1 и Нордсјеланд – Челзи 0:4.
Табела: Челзи 4, Шахтјор 4, Јувентус 2, Нордсјеланд 0.

Ф група: БАТЕ Борисов – Баерн Минхен 3:1 и Валенсија – Лил 2:0.
Табела: БАТЕ Борисов 6, Валенсија 3, Баерн 3, Лил 0.

Г група: Бенфика – Барселона 0:2 и Спартак Москва – Селтик 2:3.
Табела: Барселона 6 бодови, Селтик 4, Бенфика 1 , Спартак 0.

Х група: Клуж – Манчестер Јунајтед 1:2 и Галатасарај – Брага 0:2.
Табела: Манчестер Јунајтед 6, Клуж 3, Брага 3, Галатасарај 0.

Денеска се играат другите осум натпревари:

А група: Порто – ПСЖ и Динамо Киев – Динамо Загреб.
Табела: ПСЖ 3, Порто 3, Динамо Загреб 0, Динамо Киев 0.

Б група: Шалке – Монпеље и Арсенал – Олимпијакос.
Табела: Арсенал 3, Шалке 3, Монпеље 0, Олимпијакос 0.

Ц група: Андерлехт – Малага и Зенит – Милан.
Табела: Малага 3, Андерлехт 1, Милан 1, Зенит 0.

Д група: Ајакс – Реал Мадрид и Манчестер Сити – Борусија Дортмунд.
Табела: Реал Мадрид 3, Борусија Дортмунд 3, Ајакс 0, Манчестер Сити 0.