17 години од атентатот врз претседателот Ќиро Глигоров

Категории: Македонија, Слајдер

На денешен ден во 1995 година беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Македонија, Ќиро Глигоров. И покрај различните наводи и шпекулации, овој настан остана нерасветлен до денешен ден. Најгласни беа шпекулациите кои се врзуваа со шверцот на нафта и цигари на кои Глигоров наводно се спротивставил.

Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието на Република Македонија.

Во атентатот загина возачот на претседателот, Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Ќиро Глигоров почина оваа година на 2 јануари.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,