Кичевчани си направија своја Tour de Macedonia. На три пати!

Категории: Слајдер, Спорт

600 километри низ Македонија. Ама не беше доволно па направија уште стотина, па уште 250! Толку поминаа кичевчани од клубот SpeedBike за 3+1+2 денови и звучи фантастично. Авантура во три дела.

Почетната точка Кичево, крајна Берово и назад. Помеѓу, планини, реки, полиња, шуми, езера… Има многу што да се види. Започнале од Кичево, преку Македонски Брод, превој Барбарас, се спуштиле во Прилеп. Од Прилеп во Штип каде преноќиле првата вечер. Утрото тура низ источна Македонија Штип – Кочани – Делчево па повторно одмор. Наредниот ден правец Русиново кај врвниот бициклист, Гоце Шутевски, човекот кој помина 6100 километри до Франција и назад, на велосипед. Секоја чест. После тоа назад накај Кичево. Вкупно поминати 300 километри!

Втората тура била Off Road. Кичево – Бистра- Лазарополе – Извор – Кичево, во еден ден, 9 саати возење плус одмор. Поминати 93 километри!

Оваа патека станува се попопуларна и привлекува голем број на бициклисти, како од Македонија, така и од светот.

Минатиов викенд следеше уште една тура. Беа опфатени Прилеп – Битола – Демир Хисар – Крушево – назад во Кичево.  250 километри за 2 дена.

Може уште долго да се пишува, но вистинското е да се доживее. Се читаме до следната тура!

PS – Forest Gump може вода да ни носи! :)

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , , , , , ,