Комплетирано второто коло од Лигата на шампионите

Екипите на Манчестер Сити и на Борусија Дортмунд одиграа без победник 1:1 во дербито на 2.коло од Лигата на шампионите во натпревар од Ц групата. Гостите поведоа со голот на Марко Ројс во 62. минута по грешката на одбраната на Манчестер Сити. Домашните изедначија во последната минута од пенал, а стрелец беше Марио Балотели.

Преглед на резултатите и табелите:

А група: Порто – ПСЖ 1:0 и Динамо Киев – Динамо Загреб 2:0.
Табела: Порто 6, ПСЖ 3, Динамо Киев 3, Динамо Загреб 0.

Б група: Шалке – Монпеље 2:2 и Арсенал – Олимпијакос 3:1.
Табела: Арсенал 6, Шалке 4, Монпеље 1, Олимпијакос 0.

Ц група: Андерлехт – Малага 0:3 и Зенит – Милан 2:3.
Табела: Малага 6, Милан 4, Андерлехт 1, Зенит 0.

Д група: Ајакс – Реал Мадрид 1:4 и Манчестер Сити – Борусија Дортмунд 1:1.
Табела: Реал Мадрид 6, Борусија Дортмунд 4, Манчестер Сити 1, Ајакс 0.

Е група: Јувентус – Шахтјор 1:1 и Нордсјеланд – Челзи 0:4.
Табела: Челзи 4, Шахтјор 4, Јувентус 2, Нордсјеланд 0.

Ф група: БАТЕ Борисов – Баерн 3:1 и Валенсија – Лил 2:0.
Табела: БАТЕ Борисов 6, Валенсија 3, Баерн 3, Лил 0.

Г група: Бенфика – Барселона 0:2 и Спартак Москва – Селтик 2:3.
Табела: Барселона 6 бодови, Селтик 4, Бенфика 1 , Спартак 0.

Х група: Клуж – Манчестер Јунајтед 1:2 и Галатасарај – Брага 0:2.
Табела: Манчестер Јунајтед 6, Клуж 3, Брага 3, Галатасарај 0.