Бугарите ќе градат споменик за гинисов рекорд висок 133 метри

Бугарското здружение „Ја сакам Бугарија“ предложило проект на споменик на Васил Левски висок цели 133 метри. Споменикот би се поставил на границата со Турција. Доколку проектот се реализира, Бугарија ќе биде светски рекордер по висина на еден споменик. Досега највисоката статуа е онаа на Буда во Кина која се издига цели 128 метри.

Статуата ќе биде од челично – бетонска конструкција прекриена со бронза или мермер. Само фигурата на Левски ќе биде висока 101 метар и ќе стои на постамент од 33 метри. За споредба, статуата на Исус Христос во Рио Де Жанеиро е висока 40 метри, статуата на Слободата во Њујорк е висока 46 метри, додека највисок објект во Бугарија во овој момент е телевизиската кула во Софија, висока 106 метри.

Од здружението предвиделе дека изградбата би чинела околу 4 милиони евра. Во изградбата е предвиден и лифт кој би ги носел посетителите на врвот откаде би се гледале Едрене во Турција и Орестида во Грција.