Сакете убави тротоари, улици, дворови и тоа многу бргу? Тогаш ви треба ова!

Машинава во буквална смисла на зборот е печатач за тротоари. И не само за тротоари туку за сите површини кои се уредуваат со павер елементи, тули, камења и сличен материјал кој одговара на големината и може да се постави во машината. Се вика Tiger-Stone и доаѓа од Холандија. Штеди и време и пари. Машината е полуавтоматска и одлично ги положува павер елементите на саканата површина.

На машината плочки и доставува мало болдужерче додека од 1 до 3-ца работници рачно ги редат во посакуваната шара. Така наредените плочки полека по лената се спуштаат до подготвената тампонирана површина. Резултатот е импресивни 400 метри поплочен простор за еден ден. Должината на површината може да се помести по желба и достигнува максимални 6 метри. Погледнете како изгледа во пракса:

Што се нуди оваа машина?

– Подобри работни услови.
– Мотивиран персонал
– Достигнува да поплочи и до 300 квадратни метри
– Висок квалитет направени работа
– Нема потреба за дополнително сечење на плочките бидејќи самата машина го прави тоа
– Поставување на различни елементи истовремено
– Лесно се ракува
– Економично троши

Tiger-Stone е достапен во три варијанти: 4, 5 и 6 метри. Неговата цена е малку „солена“, од 60 до 80 000 евра.

Генијално нели? Како добро би ни дошла една ваква во Кичево, па и во цела Македонија.