Двајца тешко повредени во кафеанска тепачка во Кичево

Категории: Кичево, Слајдер

МВР информира дека ноќеска во 3 часот по полноќ во кафеаната „Кај Гинга“ во Кичево настанала тепачка помеѓу Ф.М.(30), Ф.М.(42) и У.Б.(32), сите од Кичево од една страна и од друга страна С.П.(43) и Ѓ.В.(25), двајцата од село Подвис,  во која со нож им се нанесени убодни рани на С.П. и Ѓ.В. во пределот на стомакот и грбот.

Причината била банална – чија песна попрво да биде испеана.

Поради сериозноста на повредите, С.П. и Ѓ.В. се пренесени во Ургентен Центар Скопје и задржани за понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот, а Ф.М., Ф.М. и У.Б. се приведени во полициската станица во Кичево за целосно расчистување на случајот.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,