Кичевчанец ќе настапува во белгиското фудбалско првенство

Категории: Слајдер, Спорт

Владимир Стефаноски младиот фудбалер од Кичево,  го чека враќањето во Белгија и средување на потребните документи. Во текот на летото Стефаноски беше дел од екипата на Зулте Варeгем  и, како што најавува, по добивањето на потребните документи во јануарскиот преоден рок се враќа во вториот тим на оваа екипа.

Во овој белгиски прволигаш веќе настапува стандардниот младински и повремен сениорски македонски репрезентативец Александар Трајковски.

– Екипата на Зулте  има добар состав што го докажува второто место на табелата во првенството во Белгија. Чест е да се биде дел од таков клуб и се надевам дека по враќањето во Белгија моите игри во вториот тим ќе бидат впечатливи и дека ќе добијам шанса да заиграм и за првиот тим – вели Стефаноски.

Вториот тим на Варегем е регрутен центар за идните првотимци на овој прволигаш. Во овие земји е практика сите прволигаши да имаат свои втори тимови што настапуваат во пониските лиги.

Стефановски фигурира и како лик во мегапопуларната игра FIFA 2013  во тимот Зулте Варeгем.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,