Профитот на HTC падна за 79%, Apple и Samsung во подем

Тајванската компанија за производство на паметни телефони ХТЦ во третиот квартал оваа година забележа пад на профитот од 79 отсто и се чини дека ја губи битката со Самсунг и Епл, своите најголеми ривали.

За разлика од минатогодишниот нето профит од 18,68 милијарди долари за периодот од јули до септември, нето профитот за овогодишниот трет квартал изнесува само 3,9 милијарди долари.

Аналитичарите веруваат дека ХТЦ најверојатно нема да може да ги стигне своите ривали во блиска иднина. Според нивните зборови, стратегијата на фирмата за намалување на бројот на модели ги довела до тоа да мораат да развијат многу успешен модел за 2013 година во спротивно ХТЦ ќе продолжи да губи пари, односно ќе и опаѓа профитот се додека таквиот модел не го пласира напазарот.

По објавувањето на резултатите за третиот квартал цената на акциите на ХТЦ падна за седум отсто, а од почетокот на годината па до денес цената на нивните акции опадна за 44 проценти, пренесува Би-Би-Си.

ХТЦ беше пионер во развојот на паметни телефони базирани на Андроид и имаше голем дел во некои од клучните светски пазари, вклучувајќи ги и САД. Меѓутоа успехот на линијата на Самсунг – Галакси или линијата на Епл-Ајфон лошо влијаеше на нивната продажба.

Самсунг и Епл на пазарот константно исфрлаат нови модели, што им носи предност пред ХТЦ.