Дојде за Работнички, но го виде Напредок

На неделниот првенствен натпревар Работнички- Напредок присуствуваше и почесниот претседател на холандскиот прволигаш Херенвен,  со намера на да го види на дело составот на скопски Работнички.

Но наместо да го види домашниот состав, холанѓанецот го забележа кичевски Напредок, кој на својот домаќин му одржа час од модерен фудбал.Така што и самиот го напушти стадионот во Маџари со дилема, дали Работнички или Напредок е екипата која дошол да ја гледа.

-Одигравме одличен натпревар и како ретко кога на гостински терен ја контролиравме и играта и резултатот во текот на сите 90 минути.Како плод на нашата добра игра дојде и победата, една од ретките над прволигашот од Дебармаало.Ја имавме таа чест и привилегија да не следи еден од највлијателните луѓе во холандскиот фудбал, почесниот претседател на Херенвен , Ример ван дер Велде.Така се случи господинот од земјата на лалињата ,наместо да го види Работнички ја забележа нашата екипа, која одигра перфектен натпревар-рече пресреќниот Бочески по мечот во Скопје.

Иваку овој натпревар кичевци го одиграа некомплетни , без Најдоски и Маркоски , но и покрај овој проблем сино белите успееја на жешкиот терен во Скопје да го поразат домаќинот и да ги однесат трите бода од главниот град.

Зоран Антоски

Извор: http://sportefe.mk/