Ќе се трча петтиот ултрамаратон за Тоше Проески

Категории: Македонија

Фондацијата „Тоше Проески“ заедно со Фан клубот на Тоше го припремаат петтиот Ултрамаратон за Тoше, од Нова Градишка – Република Хрватска до Крушево – Република Македонија.

16 маратонци од нашата држава ќе ја трчаат последната маршута по која се движел Тоше, во обратен правец. Одбележувањето на петгодишнината од загинувањето на Тоше Проески ќе започне од местото на несреќата на 13 октомври, 2012 година, точно во 6.20 часот, а ќе заврши на неговото вечно пребивалиште во Крушево на 16 октомври, 2012 година, во 12 часот.

Маратонците попатно ќе застанат во Белград, пред Белградска Арена, која има посебно значење во кариерата на Тоше, каде фан клубот и маратонците од Р. Србија ќе ги пречекаат и испратат до излезот и во Скопје каде што уште на влезот ќе се пречекаат маратонците, додека фан клубот на Тоше на Плоштадот Македонија ќе организира дочек на 15.10.2012 во 17.00 часот. Свој настап ќе има хорот СГГУГС Здравко Цветковски кои ќе изведат неколку познати рефрени на Тоше.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , ,