ФОТО: Манастир Свети Јован Бигорски

Категории: Мултимедија, Репортажа, Слајдер

Овие прекрасни слики ни ги испрати семејството Божиноски кои минатиот викенд го посетиле овој наш храм.

Манастирот Свети Јован Бигорски, парче рај на земјата кое опстојува цели 992 години. Се наоѓа во близина на Дебар и релативно е близу до Кичево. Основан од монахот Јован во 1020 година. Во 16 век до темел е разрушен од Отоманските Турци за време на султанот Селим II. Останала само малата црквичка. Возобновен е скоро 200 години подоцна, во 1743 година од  јеромонахот Иларион кој бил ѝ првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време.

Името „Бигорски“ го добил по каменот бигор од кој е изграден. Бигорскиот манастир го сочинуваат манастирската црква која е посветена на Јован Крстител, костурницата, сместена до самата црква, сејменската одбранбена кула, комплексот манастирски конаци, како и новоизградените гостински конаци.

Во него се подвижува машко монашко братство. Манастирот Бигорски низ вековите негувал доста блиски врски со кичевскиот манастир Света Богородица Пречиста. И тој, како и пречиста биле столб и утеха на православното население во тешките времиња.

На 30 септември 2009 манастирот беше зафатен од пожар при што изгоре еден дел. Беше пожртвувано спасен од монашкото братство, луѓето кои се затекнале во него и локалното население, православно и муслиманско.

© Божин Божиноски/Piksart

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , ,