Честит 11 октомври, денот на антифашистичкото востание на македонскиот народ

На денешен ден во 1941 година во Прилеп борците на Првиот прилепски партизански одред извршија напад врз бугарската полициска станица во градот, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа. Со овој чин беше означен почетокот на востанието на македонскиот народ против бугарскиот окупатор, а со цел за конечно ослободување на земјата.

На 12 октомври се огласија и истрелите на кумановските партизани. Почна четиригодишната крвава НОВ на македонскиот народ за конечо ослободување на земјата која заврши со успех само во еден дел на Македонија.

Борбата беше крунисана со конечно ослоборувење и одлуките на АСНОМ и поставување на темелите на современата македонска држава.