Дали е навистина откриена гробницата на сопругата и синот на Александар Македонски?!

Вчера одекна веста дека грчките археолози веруваат дека ја откриле гробницата на сопругата и синот на Александар Македонски, Роксана и малиот Александар IV. Откриениот објект бил со обем 500 метри, дијаметар 160 метри и длабочина од 3 метри. Веста ја разбранува и грчката и македонската јавност.

Но, ако ги консултираме историските извори, дури и да се покаже точен податокот дека Роксана и Александар IV живееле тука, во Серес, изворите говорат дека целото семејство на Александр Македонски, мајка му Олимпија заедно со Роксана и малиот Александар IV биле убиени од Касандар, генерал на Александар Македонски кој по неговата смрт загосподарил со Македонија. Касандар „се погрижил“ да се избрише целата фамилија на Александар III како тој би владеел непречено со кралството.

Оттука, дали во такви околности било кој, па и самиот Касандар, би се осудил да изгради таква огромна градба во чест на луѓето кои наредил да бидат убиени?

Дали „спектакуларната“ вест беше покритие пред грчката јавност поради позитивниот извештај на Европската Унија за Република Македонија?

Не се обидувам да прејудицирам, само гласно размислувам врз основа на моите познавања од историјата. И би ми било жал доколку грчките археолози манипулираат на оваа тема.  Зошто не почекаа прво да ги најдат па да ја објават веста, слично како што на времето беше пронајдена гробницата на Филип II Македонски? Што ќе биде, останува да видиме.