Напредок е седми најдобар клуб од Македонија во Европа според Euro club index

Според рангирањето на Euro club index  екипата на кичевски Напредок се наоѓа на 600 место во конкуренција на европските клубови и е седми најдобар клуб од Република Македонија со индекс 776.

Најдобро рангиран е Вардар кој се наоѓа на 476.место. Две позиции зад „црвено-црните“ се наоѓа Металург (478.), а Ренова е трета од македонските клубови, рангирана точно на 500.позиција. Потоа следуваат Шкендија (508.), Работнички (542.), Брегалница (599.). Зад Напредок се екипите на Силекс (605.), Тетекс (621.), Дрита (636.) и Пелистер (641.).

Како најдобра екипа во рангирањето е Барселона со индекс 4476, зад неа се Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, …

Euro club index во методологијата на рангирање ги користи историските и актуелните резултати на екипите во домашното првенство, домашните купови и во Лигата на шампионите, УЕФА Европа Лигата и УЕФА Супер купот.