Промоција на книгата „Симболи во македонското копаничарство“

Вечерва во домот на АРМ во Скопје со почеток во 19.00 часот ќе се одржи 54. изложба на копаници од Здружението на Копаничари на Македонија на која ќе се промовира и книгата „Симболи во македонското копаничарство“ од Јане и Злате Крстески од Битола, по потекло од кичевска Белица.

Таткото и синот Крстески се творци на многу копаничарски дела кои можат да се најдат по македонските храмови и приватни домови. Нивните дела се на добар пат да ги достигнат ремек делата на легендарниот копаничар Петре Филиповски Гарката.

Ова е нивната прва заедничка книга и значајно дело според кое наредните генерации копаничари ќе се раководат при изучувањето на оваа вештина која во Македонија го достигнала совршенството.