Бочески: Од Кичево се гледа и Европа

Категории: Интервју, Слајдер, Спорт

Најпријатното изненадување во нашата прва лига оваа есен секако е екипата на Напредок. Сино белите во деветте изминати кола покажаа квалитет и карактер што им донесе позиција на табелата од каде се гледа и Европа.

Над сите очекувања сино белите ги совладаа актуелниот и бившиот првак на Македонија, Вардар и Шкендија, квалитетните екипи на Силекс и Брегалница и последна жртва во таа серија беше екипата на скопски Работнички.Тивкиот човек од клупата на Напредок, Драган Бочески има немерливи заслуги за последните игри и резултати на Напредок и неговите размислувања се најмериторни околу шансите на неговиот клуб во оваа првенствена сезона.

Дали овие резултати ги очекувавте пред стартот на сезоната?

-Да бидам искрен резултатите во досегашниот дел од првенството ги надминуваат и моите најоптимистички очекувања, бидејќи во текот на летото се соочувавме со доста кадровски проблеми и речиси до самиот старт на првенството не знаевме кои играчи ќе го засилат нашиот состав, а кои ќе си заминат. Така што во од го комплетиравме играчкиот состав , го вративме Степановски од Пелистер, од Охрид пристигнаа Џалески и Клечкароски, од 11 Октомври ги ангажиравме Петрески и нешто подоцна Ацески и на крај од Металург го позајмивме Симоновски, со што конечно го затворивме списокот на играчки засилувања.

Дали денешниот Напредок има квалитет да се најде на место на табелата од каде ќе конкурира за излез во Европа?

-Според квалитетот на екипата и прикажаните игри можам да речам дека не сме во најтесниот круг екипи кои бараат излез на европска сцена.Но сепак имајќи го во предвид играчкиот потенцијал и фактот што поголемиот дел фудбалери играат заедно 3-4 години е од голема важност за уиграноста на екипата.Исто така летните засилувања добро се вклопија во нашиот состав и таа хемија ми дава за право да верувам дека сепак можеме да се најдеме уште повисоко на табелата и да оствариме резултати кои ќе ни го донесат најдобриот пласман до сега.

Што му недостига на вашиот тим рамноправно да се впушти во борба за титулата?

-Најпрво ни требаат повеќе квалитетни играчи на клупата за резерви.Бидејќи ако некој фудбалер од стратниот состав се повреди или биде казнет, тешко е да пронајдеме соодветна алтернација меѓу резервните фудбалери.Исто така мораме и организациски да бидеме на повисоко ниво,затоа што самата помисла дека си дел од европско натпреварување бара и нови стандарди.Ако се спојат овие компоненти, тогаш можеме Напредок во блиска иднина да го видиме и многу повисоко на табелата па и на самиот врв .

 

Извор: http://www.sportefe.com.mk

Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , ,