Во Босна откриена огромна базилика од времето на Јустинијан Први

Категории: Свет

Во Босна, поточно во Република Српска во подрачјето Лакташ кај село Бакинци и околината се пронајдени остатоци од ранохристијанска базилика од времето на царот Јустинијан. На ова подрачје некогаш постоел градот Кастелум Балкинс кој бил духовен центар на регионот и веројатно епископско седиште. Веста ја пренесе порталот на Вечерње Новости.

Сè започнало кога жителот од ова село, Милорад Дакиќ, се шетал низ шумата над Бакинци и попатно наоѓал интересни парички и предмети, кои асоцирале на римското и византиското царство. Тоа првобитно го правел за своја душа, а потоа одлучил да ангажира и стручни лица кои би можеле да направат подетална анализа на остатоците и потврда на нивното историско потекло. Местото подоцна го истражиле  професорот Милан Ѓурѓевиќ и археологот кустос Бојана Вујановиќ.

Базиликата е долга 40, а широка 13 метри. Според димензиите тоа е најголема и најзначајна базилика пронајдена на просторите во Босна и Херцеговина.

-На наоѓалиштето јасно се гледаат епископска столица и свештеничка клупа, така што без двоумење дојдовме до заклучок дека ова место било центар на духовниот живот во големиот регион – раскажува археологот Милан Ѓурѓевиќ.

Тој наведува дека варварските племиња од крајот на четвртиот век, наидувајќи од истокот, ја разрушиле базиликата, која била обновена во периодот од 527 – 565 год., за време на царот Јустинијан, односно во времето на Византија. Археолозите велат дека овде епископствувале епископите Андреј и Константин.

-Станува збор за тробродна базилика, која во својот олтарен дел има епископска столица, што значи дека на ова место било седиштето на епископијата, најверојатно на Панонија Секунда. Со интензивно истражување започнавме пред месец и половина, а планираме да работиме сè до зимата, и се надеваме дека ќе истражиме барем половина од црквата. Во план ни е да ги заштитиме и ѕидовите до зимата, а потоа на пролет на продолжиме.Тогаш планираме и камп, каде што заедно со волонтерите и останатите стручњаци би продолжиле со поинтензивно истраживање – вели Бојан Вујанович.

Тој истакнува дека паричките кои се најдени во околината се најверодостојниот доказ кој се поврзува со периодот во кој е подигната црквата.

-Периодот на подигање на базиликата го утврдивме врз основа на аналогија со црквите од тој период, врз основа на парапетните плочи, камените пластики, натписите кои се врзуваат за поедини свештеници, парите кои се многу сигурен извор. Пронајдовме пари од Константин па сè до Јустинијан.  Најверојатно ова утврдување е разурнато во 597 година, кога преку Сава, денешна Градишка, а некогашниот Сервициум, поминал Бајан, аварско-словенскиот војсководец, и ја срушил тврдината Балтис, која била најголемо тогашно утврдување западно од Врбас на овој простор. Тој тврди дека градот Балкинс бил огромен.

-Самиот наос е со димензии од 25 до 30 метра, а помножено со 13, а тоа е околу 350 квадрати, со капацитет од 1.000 луѓе, што јасно упатува на тоа дека се работело за огромно населено место.  Доктор Ненад Кузмиќ го иницирал првобитното истражување на ѕидот кој потсетувал на црковен ѕид.

-Тој ѕид имал полукруг на истокот, па врз таа основа заклучив дека му припаѓа на црквата. Така почна сè. Слушнав дека еден дел од градината бил откопуван помеѓу 30 – тите и 40 – тите години на минатиот век и дека ова место го нарекувале Градот на Марија Тереза, иако таа овде не била. Таа дошла на власт дури во 1742 год., а последната австро – турска војна била во 1737 год., кога било изгубено предмостието на Сава. Значи, веројатно тој податок упатува на тоа дека овој дел на Лиевиќ бил населуван дури 1780 – 1790 година, што очигледно не е точно.  На пониското подрачје околу базиликата се наоѓаат вредни градби, чиешто ископување ќе следи на пролет.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , ,