Македонија – Србија прогласен за натпревар со висок ризик

Категории: Спорт

Вечерашниот дуел од кфалификациите за СП 2014 помеѓу селекциите на Македонија и Србија е прогласен за натпревар од висок ризик.

Натпреварот Македонија – Србија ќе се одигра на „Националната Арена Филип Втори Македонски“ во Скопје со почеток од 20 часот и 30 минути.

Од групата А денеска уште играат: Хрватска – Велс и Белгија – Шкотска.

Табела: Белгија 7 бодови, Хрватска 7, Србија 4, Велс 3, Шкотска 2, Македонија 1.

Македонското МВР најави дека со оглед на тоа што дуелот Македонија-Србија се третира како натпревар со висок ризик, ќе преземе соодветни мерки за обезбедување на јавниот ред и мир и за превенирање на евентуални инциденти.

Ќе биде воведен и посебен сообраќаен режим. Од 12 часот ќе биде затворен сообраќајот од крстосниците на улиците „Ленинова“ и „Јордан Хаџи Констанинов-Џинот“ кон фудбалскиот стадин, и ќе бидат пропуштани само возила со посебни пропусници.

Исто така, во тој период ќе биде расчистен сообраќајниот и паркинг простор во непосредна близина на стадионот. Во периодот, пак, од 17 часот ќе бидат сообраќајно регулирани и приодите од булеварот „Илинден“ кон националната арена, односно ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници и други итни потреби.

МВР апелира до граѓаните, особено оние коишто со возила ќе се упатуваат кон националната арена, во посочениот период од 17 часот да ги почитуваат сообраќајните правила и да ги паркираат своите возила на дозволени паркинг простори.

Согласно постоечкиот Договор за полициска соработка меѓу македонското и српско МВР, во Скопје се пристигнати и четворица службеници на полицијата на Србија.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,