Антонио Милошоски на тркалезна маса за изборите и ситуацијата во Белорусија

Пратеникот Антонио Милошоски, во својство на шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ на последните парламентарни избори во Белорусија, денеска ќе се обрати на тркалезната маса посветена на изборите и политичката ситуација во Белорусија, што ќе се одржи во Европскиот парламент, во Брисел.

Меѓу говорниците на тркалезната маса се и европратеникот Мартин Каланан, координатор на европските конзервативци и Марек Мигалски, европратеник од Полска.

Изборите во Белорусија се одржаа на 23 септември.