Пуштена фонтана и детско паркче во Ламелите

Градоначалникот Благоја Деспотоски минатата недела ги пушти во употреба фонтаната и парк со катче за детска забава во близина на „Ламелите“.

– Конечно успеавме да го изградиме овој објект кој им беше потребен на граѓаните кои живеат во овој дел од градот, рече Деспотоски.

Проектот е реализиран со средства од Стопанска Банка и општината Кичево, а неговата вредност е 40 илјади евра.