Сакате поголема плата? 7 контроверзни совети како да успеете

Категории: Магазин

Дали сте подготвени да ги преиспитате вашите морални граници или да се обидете со необични потези кога се работи за поголема плата?

Слушањето на традиционални совети како што се бидете тимски играч или набавете уште една диплома, може да помогне на вашата кариера. Но, постојат многу фактори кои влијаат на вашата моќ за заработка. Некои не се во ваши раце, но некои можете да ги контролирате, а во некои случаи можеби ќе морате да ги преминете моралните граници, пишува Moneytalksnews.com.

Во совршен свет овие фактори не би влијаеле на вас, но во овој свет секако влијаат. Ова се неколку физички обележја и навики кои можат да ве доведат до зголемена плата:

1. Појдете во фитнес центар и дотерајте се во форма

Дали им завидувате на соработниците кои сакаат да одат во фитнес центар секој ден? Можете да им завидувате и на нивните поголеми приходи. Студијата на Њујоирк Универзити откри дека еден отсто зголемена телесна тежина кај жените резултира со намален доход на нејзиното семејство во износ од 0,66 процентни поени. Тоа може да звучи шокантно, но разликата меѓу нормалната тежина и дебелината обично носи најмалку пет процентни поени, а може да оди и до двоцифрени броеви.

Самото одење во фитнес ценатр може да ја зголеми вашата плата. Резултатите од студијата на Journal of Labor Research покажуваат дека тие кои редовно вежбаат имаат во просек девет отсто поголема плата во однос на тие кои не го прават тоа. Секако, тоа не е доказ за причинско-последична врска, но можно е луѓето кои вежбаат да бидат подобри работници и така да заработуваат поголема плата. Не постои гаранција дека со подобра физичка форма ќе бидете и во подобра финансиска состојба, но одењето во теретана може да биде вин-вин опција.

2. Размислувајте како високо лице

Да се биде висок не е предност само при барање на партнер или стоење во гужва. Неколку студии укажуваат на тоа дека висината е во корелација со високата плата. Можно е да постои поврзаност меѓу нашата висина и начинот на кој се гледаме себеси и како гледаме на другите, што на крај води до подобри ефекти на работа и успех во кариерата.

3. Бидете среќни

Се чувствувате лошо? Тоа нема да ви помогне. Среќните луѓе кои покажуваат поголема самодоверба редовно заработуваат повеќе. Истражувањето на Универзитетот Илиноис Веслеан донесува заклучок дека среќата и високата самодоверба кај луѓето кога се помлади водат кон високи примања во подоцнежните години од животот. Авторите на истражувањето открија дека позитивноста е клучна. Позитивните и среќните луѓе се попродуктивни.

4. Изгледајте компетентно

Да се изгледа компетентно е плус за вашата кариера, дури и ако всушност не сте способно лице. Според истражувањето кое доаѓа од Универзитетот Дјук, извршните директори кои делуваат комплетно и тоа само врз основ на изгледот, заработуваат 7,5 отсто повеќе во однос на извршните директори кои не постигнале толку добри резултати. Но, според резултатите на компанијата, не постои врска меѓу тоа да се изгледа компетентно и навистина да се биде компетентен. Тогаш што е потребно за да се изгледа компетентно? Истражувачите заклучија дека тие со позрели црти на лицето поминуваат подобро од тие со бејби фејс.

Ако ниту едно од погоре наведените обележја не може да помогне на вашиот случај, еве неколку не толку етички потези кои можат да доведат до зголемување на платата. Иако наведениот портал не ги одобрува овие начини, докажано е дека со помош на нив некои поединци напредувале на платниот список.

5. Лажете за вашата претходна плата

Некои кандидати за работа лажат за своите претходни плати – или во молбите или на интервјуата. Нивниот аргумент е зошто да не, ако тоа помогне во преговорите за плата? Но, ако работодавецот ве фати во лага, може да го изгубите работното место.

6. Целите на местото на вашиот шеф

Не е изненадување дека шефовите заработуваат повеќе, меѓутоа во Америка заработуваат многу повеќе. Според просекот од 2011 година, извршните директори кои доаѓаат од големите компании, заработуваат 379 пати повеќе од просечен работник во нивните компании. Значи, целењето на врвот може да се исплати. Ако имате во план да користите нечисти трикови, имајте го на ум следново: Острицата на ножот има две страни.

7. Разубавете ја вашата биографија

Дали сте размислувале на вашата позиција да дадете секси титула како што е менаџер за принт производство, иако сте само приправник задолжен за полнење на тонерите на машини за копирање? Секогаш постои предизвик да ја дотерате вашата биографија и ако тоа го направите можете да се квалификувате за подобри деловни прилики и поголема плата. Тоа не е нешто невообичаено, во една американска анкета 31 отсто испитаници признале дека лажат за својата биографија. Но, важно е да се потенцираат и резултатите од анкетата на Кариер Билдер, кои откриваат дека половина испитани менаџери ги фатиле своите кандидати како лажат за својата биографија. Секако, тие кандидати не добиле работа.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,