Нема повеќе да ви манијачат на мобилен

Корисниците на мобилната телефонија нема да можат да остваруваат повици со скриен број.

Сите три мобилни оператори пристапија кон новата законска обврска од АЕК. Целта на истата е да се заштитат корисниците од анонимни јавувања, чиј број според статистиката е се поголем.

Новите при-пеид корисници ќе мора да се идентификуваат откако ќе купат нов број од T-mobile, VIP или ONE, во спротивно купената картичка нема да биде активна.

Доколку корисникот нема можност да се регистрира во салоните на мобилните оператори истото ќе може да го направи преку повик на оператор, СМС порака или преку веб страниците на мобилните оператори.

И веќе постоечките корисници кои не се идентификувани на своите броеви, ќе мора наскоро да го направат тоа. Мобилниот оператор преку порака ќе ги извести своите корисници за новата законска обврска.