ФОТО(И)СТОРИЈА: „Ѓаолите“ и Напредок 1998 година!

Фотографија од еден убав спомен и времиња. Последно коло од есенскиот дел од првенството во Втората Македонска Фудбалска лига помеѓу Напредок и Тетекс, 21 ноември 1998 година. Напредок победи со 1:0 (полувреме 0:0) и стана есенски шампион. Тетекс беше најголемиот ривал таа сезона. Се гледа радоста на лицата на играчите, управата и верните „Ѓаоли“ во позадина со огромниот транспарент: „НАПРЕД НАПРЕДОК ВО СРЦЕ ТЕ НОСАМ“.

Повеќе од 4000 гледачи го тресеа градскиот стадион во Кичево на температури под нулата. Се играше со натчовечки напори. Победничкиот гол го постигна Ангелески во 78 минута и предизвика еуфорија на трибините под Илиница. Мислам дека тоа го слушна цело Кичево. На натпреварот не се седеше – се стоеше и се навиваше колку што држи грлото, небаре играме за финале во Лига на шампиони.

Во меѓупериодот Напредок доби нова управа по оставката на старата. Пролетта продолжи со добра игра и следната сезона влезе во прва лига.

Убаво е кога се навраќаме на овие моменти.

На сликата, од лево на десно: Ванко Стојаноски (член на управата), Ване Наумоски – претседател на клубот, Бобан Тасески, Ѓоко Трпески, Роберт Пејоски, Драган Матески, Зоран Ѓорѓиоски – тренер, Бобан Дујковиќ, Валентин Целески, Благоја Димоски, Мики Јоноски, Миле Стојкоски (тренер). Долу клечат: пионер, Зоран Митрески (член на управата), Влатко Мицески, Горан Дамјаноски, Горан Милованоски, Горан Најдески, Гоце Маркоски, Станко Мицкоски, Игор Митрески, Дејан Аврамовиќ, Борче Ангелески, Боби Неделкоски, Кочо Зердески (директор на клубот).

Од книгата „ФК Напредок 1928-1998 година“ од Душан Ристоски