Помош за семејството Коџаџиклиоски

Пожар ја изгоре до темел куќата на кичевското семејство Коџаџиклиоски. Стихијата им изгорела буквално се што имале и ги оставила сопружниците и двете деца без покрив над главата. Незнаат каде ќе ја поминат зимата. Абдула и Шаха Коџаџиклиоски не работат и живеат од помошта на комшиите, а ноќта ја поминуваат во простор кој им е отстапен од пријатели. Абдула има сериозни здравствени проблеми и досега има доживеано два инфаркта.

Помош најавува градоначалникот на Кичево, Благоја Деспотоски. Најави дека со пари од општинскиот буџет ќе им биде повторно изградена куќата.

Градоначалникот Благоја Деспотоски го посети семејството и најави помош

– Ние сме спремни веднаш како општина да купиме материјали и да обезбедиме работници да почнат со изградба на куќата затоа што се работи за социјално загрозено семејство кое нема каде да живее, вели Деспотоски.

Се замолуваат сите граѓани кои се во можност на било кој начин да помогнат, тоа да го сторат. Коџаџиклиоски живеат во населбата Бичинци.

* * *

Надополнување (20 октомври 2012): Благодарение на Вејсел Дервиш го добивме и телефонот за контакт со Абдула и Шаха Коџаџиклиоски . Секој кој може да помогне нека ги контактира на 070 952 006