Во Солун се учи на македонски јазик

Македонското меѓународно движење за човекови праваи Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права објавија дека го зголемуваат финансискиот фонд за изучувањето на македонскиот јазик во Солун, пренесува „Дневник“.

Напоредно со тоа, предвидено е и отворање на повеќе паралелки во различни градови и села низ Егејска Македонија. Часовите се одржуваат во организација на Виножито и таа е единствената организација која организира изучување на македонски јазик во Грција.

– Без помош на ММДЧП и АМКЧП, овие часови на македонскиот јазик не би било можно. Овие две организации повеќе од две децении финансиски го помагаат движењето за човекови права на Македонците и со тоа ги поттикнуваат Македонците во балканските држави да ги бараат своите права – изјави Димитри Иоану (Јованов), член на „Виножито“ и Уредник на „Нова зора“.