Дијаспората инвестира 15 милиони долари во Македонија

Категории: Свет, Слајдер

Македонската дијаспора ќе инвестира 15 милиони долари во Македонија. Средствата ќе се палсираат преку новооформениот фонд СЕАФ Македонија 1 што го најавија учесниците на Глобалниот инвестицски форум во Охрид.

Како што беше соопштено на прес-конференција, се очекува фондот да биде 15 милиони долари, од кои веќе се обезбедени 80 проценти.

Роберт Арсов, потпретседател на Македонија 2025, посочи дека има многу Македонци кои може да вложуват во фондот. Минималниот износ е 500 илјади долари од инвеститор.

Фондот ќе го води Хубертус Јан ван дер Варт, изршен директор на СЕАФ, кој потенцира дека на почетокот ќе се поддржат 10 до 14 компании, бизниси од областа на земјоделството, фармацијата, едукацијата и тренингот.

Организаторите го оценија форумот како позитивен. Во наредниот период ќе работат на реализација на конкретни задачи произлезени од дискусиите.  Планираат вакви средби да организираат и во иднина.

– Сега е вистинско време за инвестирање во Македонија, порача претседателот на Македонија 2025, посочувајќи дека целта на оганизацијата е да се зголеми вклученоста на дијаспората, да се претстави Македонија како привлечна за инвестирање и да им се помогне на локалните компании. Сето тоа со цел развој на Македонија, да стане подобро место за живење.

Според Зоран Мартиновски, член на Македонија 2025, нема подобро место за живеење од дома и затоа треба да се работи на развој на земјата.

Живко Мукаетов укажа на потребата од заедничка работа на сите за раст на македонската економија, додека Минчо Јорданов, исто така член на Македонија 2025, нагласи дека Самитот ќе придонесе за зацврстување на мостот со дијаспората, додека. Без дијаспората, рече, нема да може да се отвори побрз процес на трансфер на знаења кои и се потребни на Македонија.

Организаторите на дводневниот форум посочија дека нивната цел добила подршка од многу присутни. Како што напомена Роберт Арсов, потпретседател на Македонија 2025, Самитот е прв чекор кон размена на идеи и знаења, не треба да се одржува само еднаш во годината.

Никогаш не било подобро веме да се инвестира во Македонија, да дојдат претприемачи, да работат она што сакаат, подвлече Арсов. Многу е важно, додаде, да се има здрави и растечки локални компании.

– Вклученоста на дијаспората бара ова да биде годишен настан. Сепак, сигурен сум дека ќе  имаме барем уште еден, а Македонија да стане најдобро место за привлекуање инвестиции – сите тие се прривлечни сведочења од неколку инвеститори што се присутни. Има шанса да се подобри координацијата меѓу Македонија 2025 со министрите кои задолжени за привлекување странски инвестиции, рече Арсов.

„Нови можности: Преку бизнис дијаспората до зголемена трговија, инвестиции и економски раст“ беше мотото на Инвестицискиот форум во Охрид на кој имаше над 350 учесници. Тие дебатираа за глобалните економско-политички перспективи, условите за водење бизнис и инвестициската клима во Македонија,… Меѓу присутните беа и истакнати менаџери на светски реномирани компании како Нокиа-Сименс Нетворкс, Рајфајзен Банка…

„Македонија 2025“ е невладина непрофитна организација посветена на воспоставувањето платформа за бизнис соработка меѓу Македонија и дијаспората и креирање просперитетна бизнис клима во земјава.  Основана  е во 2007 година во Краун Поинт, Индијана, од угледни членови на македонската дијаспора. Својата канцеларија во Скопје организацијата ја отвори во 2011 година. Фокусирана е и на позиционирање на Македонија како преферирана дестинација за директни странски вложувања, промовирање на транспарентно управување и корпоративни практики, како и на креирање просперитетна клима за претприемништво.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , ,