Ивановски во сесијата на Лари Кинг на WCIT 2012 во Монтреал

Категории: Македонија

Од 22 до 24 октомври 2012 година, во Монтреал, Канада, ќе се одржи 18-от Светски конгрес за информатичка технологија. Светските лидери во областа на информатичката и телекомуникациската индустрија заедно ќе разговараат за предизвиците поврзани со иновациите и еволуцијата на технологијата, од аспект на организациската динамика.

На собирот ќе учествува министерот за информатичко општество на Република Македонија, м-р Иво Ивановски.

Денес тој ќе земе учество на сесијата со наслов „Надвор од границите на дигиталното општество„ на која ќе се разговара за прашања од ИКТ индустријата. Меѓу присутните на оваа сесија ќе се најдат претставници на УНЕСКО, Светската Банка, Интел групацијата и други.

Посебно внимание ќе привлече присуството на познатиот светски новинар од CNN, Лари Кинг, кој во улога на модератор во вторник, 23 октомври, ќе говори на тема „Дигиталната ера и влијанието врз нашето општество„ во чии рамки свое обраќање ќе има и македонскиот министер Ивановски.

На Конгресот во Монтреал ќе учествуваат над 3.000 високи извршни директори и носители на одлуки од повеќе од 80 земји во светот.

Целта на тридневниот собир кој ќе се одвива под мотото “Една визија за глобалното дигитално општество”, е да се создаде Акционен план кој ќе ги воспостави принципите во насока на максимизирање на потенцијалот што дигиталните технологии можат да го понудат низ различни сектори и институции.

Конгресот во Монтреал ќе содржи уникатна програма во домен на дигиталното општество, со интересни излагања на учесниците, интензивни сесии и интерактивни дебати помеѓу делегатите.

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,