Викендов ќе падне првиот снег

Категории: Кичево

Викендов се очекува целиот Балкански полуостров да го зафати снежен бран. Иако времето до петок ќе биде сончево и топло, веќе од сабота настапува студено време.

Балканот ќе биде под влијание на студена и воздушна маса, која ќе донесе врнежи од дожд и снег и пад на температурите. Врнежи од снег се очекуваат и во пониските предели.

Македонија во сабота ја очекува облачно време со врнежи од дожд, ветровито и постудено со пад на температурите.

Врнежи од снег, во текот на ноќта се очекуваат на планинските предели над 2500 метри.

Во недела ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд, ветровито и постудено со пад на температурите. Врнежи од снег се очекуваат на висина од 2000 метри надморска висина.

Утринските викенд температури ќе паднат под 10-тиот степен, додека максималните дневни ќе бидат до 20-тиот.

Српските и хрватските медиуми исто така информираат за заладувањето кое нè очекува. Студениот северен бран најпрво ќе ги зафати Словенија и Хрватска, а потоа ќе се спушти кон Србија и Македонија.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,