Многу изненадувања во лигата на шампионите

Категории: Спорт

На првиот ден од програмата во фудбалската Лига на шампиони беа одиграни осум натпревари од групите Е, Ф, Г и Х и постигнати 22 гола или нешто помалку од три по натпревар.

Актуелниот европски првак Челзи загуби од Шахтјор на гостувањето во Доњецк, а Барселона и Манчестер Јунајтед со пресврт победи стигнаа до трите бода. Победи на гостински терен славеа и Баерн Минхен против Лил, односно Валенсија против Бате Борисов, додека Јувентус одигра само нерешено на гостувањето против Нордсјеланд.

Резултати од синоќешните дуели во ЛШ:

Група Е:  Нордсјеланд – Јувентус 1:1 и Шахтјор – Челзи 2:1.
Табела: Шахтјор 7 бодови, Челзи 4, Јувентус 3 и Нордсјеланд 1.

Група Ф: БАТЕ Борисов – Валенсија 0:3 и Лил – Баерн Минхен 0:1.
Табела: Баерн Минхен 6, Валенсија 6, БАТЕ Борисов 6, и Лил 0.

Група Г: Спартак Москва – Бенфика 2:1 и Барселона – Селтик 2:1.
Табела: Барселона 9 бодови, Селтик 4, Спартак Москва 3 и Бенфика 1.

Група Х: Галатасарај – Клуж 1:1 и Манчестер Јунајтед – Брага 3:2.
Табела: Манчестер Јунајтед 9 бодови, Клуж 4, Брага 3, и Галатасарај 1.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: ,