Кичево 10: Замина Јанеска, а дојдоа Шутева и Божиноска

По неочекуваниот трансфер на Моника Јанеска во турскиот Трабзон, екипата на Кичево 10 експресно обезбеди две играчки засилувања и тоа Елена Шутева од екипата на Гевгелија и  поранешна ракометарка на Феникс Битола.

-Преку ноќ успеавме да обезбедиме две играчки засилувања и тоа по едно за пивотменската и бековската позиција. Така што од денес наши ракометарки се Елена Шутева од екипата на Гевгелија и Ружица Божиноска, поранешна ракометарка на Феникс Битола.Се работи за искусни,корпулентни и квалитетни ракометарки кои ни се добредојдени по заминувањето на Јанеска и повредата на Јолеска, која ќе отсуствува од ракометните терени подолг период-рече Миро Јолески,претседател на Кичево 10.

Зоран Антоски

Извор: http://www.sportefe.com.mk