Напредок: Ангелески му се враќа на фудбалот

По период од година и пол на фудбалските терени се враќа поранешниот капитен на Напредок Перо Ангелески, кој по двете операции на коленото и макотрпната рехабилитација, конечно е подготвен за фудбалски предизвици и ќе биде добредојден во завршницата на есенскиот дел, да ги засили редовите на кичевскиот прволигаш.

-Се чувствувам како повторно да сум се родил.Речиси да заборавив кога последен пат одиграв еден првенствен натпревар.Двете операции на коленото донесоа голема неизвеснот во мојата играчка кариера и голем знак прашалник ,дали еден ден повторно ќе му се вратам на омилениот спорт.По долгата рехабилитација конечно сум фит и целосно подготвен и за најголемите фудбалски напори.Сега е на тренерот Бочески да одлучи кога ќе ме стави во стартниот состав. Се радувам исто како пред 12 години, кога дебитирав во најдобриот состав на Напредок – рече Перо Ангелски, дете на кичевскиот прволигаш кој се повреди на првенствениот натпревар Напредок : Металург, одигран на 30 април 2011 година во Кичево.

Зоран Антоски

Извор: http://www.sportefe.com.mk