ЈП Комуналец засилено работи на реализација на тековните проекти

Категории: Кичево, Слајдер

На почетокот на оваа година беше најавено  дека интензивно ќе се работи на подобрување на квалитетот на водоснабдувањето и одведувањето на отпадните води во општината, време е да ги најавиме и завршните работи на овие зафати.

Подобрувањето на водоснабдувањето и одведувањето на отпадните води се реализираше преку: рекострукција и изградба на водоводни линии и линии за одведување на отпадни води, проекти финансирани со сопствени средства исо заем од  меѓународната банка за обнова и развој.

До крајот на годината треба да заврши реконструкцијата на примарните водоводни линии на булевар „Ослободување“ и улица Маршал Тито. Приклучувањето кон секундарните водоводни линии кои водат до крајните потрошувачи ќе го изведува ЈП „Комуналец“ – Кичево, работи кои ќе бидат изведени во предвидениот рок.

На улица Борис Кидрич за првпат се поставува водоводна линија која е од примарен карактер за водоснабдителната мрежа во Кичево, приклучувањето кон секундарната мрежа исто така ќе биде изведено од ЈП „Комуналец“-Кичево и тоа ќе биде извршено во рекордно време и висок квалитет.

Овие проекти се  изработени во соработка со општина Кичево и финансирани со заем од  меѓународната банка за обнова и развој.

ЈП Комуналец- Кичево не остана на овие проекти и на 16 May, 2012 најави дека жителите на улица: Елисие Попоски, Душан Јовески и населба Под Крушино ќедобија квалитетно водоснабдување како од санитарен така и од технички аспект.Проекти финансирани од ЈП Комунаец- Кичево. Во овие урбани единици водоснабдувањето не беше на највисоко ниво т.е. водоснабдителните цевки беа од небезбеден материјал и со мали дијаметри. Азбест цементните цевки се заменетисо високо квалитетни полиетиленски цевки и со оптимални дијаметри кои се услов за добивање на потребниот проток и притисок.

Населба Под Крушино

ЈП Комуналец започна со реконструкција на водоводната мрежа од ресторанот Панорама па надолу во должина од 1 200 метри.

Водоводната линија е од 1957 година. Со реконструкцијата, старите азбестни цевки се заменети со нови полиетиленски цевки.

Улица „Елисие Попоски – Марко“

Со цел да се подобри квалитетот на водоснабдување во ова населено место заменета е старата водоводна линија Ф 34 со полиетилен црево Ф63  во должина од 160 метри.

Одведувањето на отпадни води се реализираше исклучиво со сопствени средства.

Улица „Јанко Михајлоски – Јанчица“

После долги години конечно се реши проблемот со фекалните води на улица „ЈанкоМихајлоски“ до ветеринарната станица. Беше поставена цевка Ф200 мм во должинаод 130 метри во ова централно  градско подрачје.

Улица „Маршал Тито“

ЈП Комуналец Кичево на 12.09.2012 година ја реализира реконструкцијата на линијата за одведување на отпадни води на улица Маршал Тито започната на 25.08.2012 година. Проект реализиран со сопствени средства. Беше заменета старата канализациона линија профил Ø = 200 со ПП цевки профил Ø = 400 водолжинаод 256 метри. Со тоа протокот на овој дел се зголемува за четири пати со што ќе се избегнат честите дефекти.

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics