Чудесна Македонија: Карпа „Мома“

Ова дело на природата се наоѓа на Селечка планина, во близината на Прилеп, на околу еден час одење од манастирот „Свети Димитрија“ кај селото селце. Фотографијата ја направил Илија Ацески во 2010 година. Оваа интересна карпа ако се погледне од еден дел, асоцира на мома со традиционална марама сликана во профил, како гледа кон хоризонтот. Изгледот е перфектен. Веројатно има и добра легенда.