Заврши „АCES 2012“ во Кичево

Категории: Кичево, Слајдер

Заврши проектот „Заедно ја избираме, креираме и ја создаваме нашата иднина“ организирано од ОУ „Кузман Јосифовски-Питу“, а во рамките на Академијата на основни и средни училишта во Европа (ACES). Во оваа фаза ученици од Македонија, Србија и Хрватска учеа за медиумската комуникација.

Училиштето се покажа како одличен домаќин и одржа културно-уметничка програма по повод доаѓањето на гостите од ОУ„Свети Сава Пирот„ Србија и ОУ„Белица“ Белица Хрватска во училишниот хол.

„Драги колеги, и денес неможевме на сите да раскажеме со колку љубов не пречекавте и колкаво беше задоволството да се работи со вас. Ви се заблагодаруваме и се надеваме на понатамошна успешна соработка…“ – пишува Зорица Ѓориќ, учесник во проектот од Србија.

Покрај работата, ова беше одлична можност за дружење и создавање на нови пријателства.

АCES мрежата  е основана во 2006 година и главна цел е да ја унапреди соработката меѓу училиштата на Стариот континент. На тој начин да се развие мрежа на заедничко учење и иновации, што нуди практични можности за соработка и размена на младите од целиот континент.

За настанот повеќе од сликите (кликни за подобра резолуција):

   

 

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , ,