Топ листа на забранети имиња за деца

Папата Бенедикт Шестнаесетти на почетокот на минатата година им „објави војна“ на родителите, кои сакаа на своите деца да им дадат имиња на славни личности или на популарни спортски автомобили. Во пресметката со родителите тој ги замоли верниците на децата да им даваат имиња од христијанскиот календар.

Бенедикт Шестнаесетти не е единствениот во светот, кој одлучил да им стави крај на необичните имиња. Во светот постојат бројни примери на забранети имиња, а причините се различни. Следи топ-листа на забранети имиња:

1. Talula Does The Hula From Hawaii (Нов Зеланд)

Нов Зеланд забранува имиња, кои би можеле да бидат навредливи за разумните личности. Исто така не се дозволени ниту имиња на земји. Едно девојче се викало 4Real. Судијата одлучи да и го промени за време на битката за старателство меѓу родителите. „Од детето прават будала, изјави судијата.

Уште некои забранети имиња во Нов Зеланд се Fish i Chips, Yeah Detroit, Keenan Got Lucy i Sex Fruit. Number 16 Bus Shelter i Violence се дозволени.

2. Венерди или петок (Италија)

Можеби за ова говорел папата. Во 2008 година судот им забранил на италијански родители своето дете да го нареча Венерди (петок). Судијата оценил дека поради тоа име детето би можело да биде подложено на потсмев.

Италијанските судови можат да реагираат доколку проценат дека името на детето би можело да предизвика потсмев, да ги ограничи неговите социјални контакти и да создаде несигурност.

3. Brfxxccxxmnpcccclllmmnprxvclmnckssqlbb1 (Шведска)

Не, не станува збор за аспивање врз тастатурата. Тоа е име кое еден шведски пар сакал да му го даде на својот син во 1996 година и наводно се изговара Албин (не сме сигурни како). Родителите го избрале како знак на протест поради строгите прописи за избор на имињата на децата. Даночните власти мораат да дадат благослов на името и презимето пред тоа да може да се користи.

Други забранети имиња во Шведска се и Металика, ИКЕА, Веранда. Гугл е прифатено.

4. Гешер или мост (Норвешка)

Во 1998 година Кристи Ларсен беше испратена во затвор на два дена, бидејќи не сакала да плати казна поради „неодобреното“ име, кое му го дала на своето дете. Таа вели дека отсекогаш сакала на своето дете да му го даде името Гешер (на хебрејски значи мост), но судот тоа не го прифатил. Таа веќе имала 13 деца и можеби само снемала идеи.

5. Чоу Тоу или смрдлива глава (Малезија)

Малезиските власти изминатите неколку години се занимаваат со несоодветни имиња. Пред шест години објавија листа со непожелни имиња, кои не се во согласност со религиската традиција на земјата, како Чоу Тоу, што значи смдрлива глава.

Забранети се и имињата Ах Чвар (змија), Киоу Кхо (ѕвонар), Сор Чаи (луд) и Воти (полов однос).

6. @ (Кина)

Да се пронајде оригинално име во Кина не е лесна задача, така што еден пар одлучил своето дете да го нарече со симболот @, кој во кинеските знаци потсетува на „те сакам“. Секако кинеските власти не биле сентиментални.

7. Анус (Данска)

Данците се уште поригорозни од Швеѓаните и нудат седум илјади имиња кои родителите можат да ги изберат. За избор надвор од таа листа потребна е посебна дозвола, додека етничките имиња, оние со невообичаени букви, па дури и сложени презимиња се забранети. За среќа името Анус е едно од 250-те, кои не се одобрени.

8. Овнис (Португалија)

Пред да му дадете име на детето во Португалија најдобро е го погледнете владиниот документ од 80 страници, кој открива што е дозволено, а што не е. Прилично се стриктни, на пример Томас е во ред, но Том не е. Мерцедес е дозволено име. На листата забранети се најде и Овнис, што на португалски значи Неидентификуван летечки објект.

9. Акума или ѓавол (Јапонија)

Во 1993 година родителите својот син го нарекле Акума, што буквално значи ѓавол. Властите заклучиле дека тоа било злоупотреба на родителските права, а детето на крај добило ново помалку ѓаволско име.