Го погубиле со минофрлач

Висок функционер на Северна Кореја бил погубен со стрелање на неколку минофрлачки гранати, пренесуваат Јужнокорејските медиуми.

Заменик-министерот за одбрана на Северна Кореја Ким Чол, наводно е погубен на вака брутален начин по наредба на Ким Џонг-ун зад него да не остане никаква трага, ниту влакно на главата.

Според јужнокорејски медиуми, Ким Чол е стрелан пред ѕид, а на него се истрелани неколку гранати од минофрлач.

Некои медиуми пишуваат дека причината поради која е погубен е бидејќи пиел алкохол додека жалел за Ким Јонг Ил.

Случајот со Ким Чол е најновиот пример во серијата погубени високи членови на севернокорејската војска и власт, поради претпоставка дека претставуваат некој вид на закана за Ким Џонг-ун, наведува британскиот весник „Телеграф“.

Член на јужнокорејскиот Комитет за надворешни работи, трговија и обединување Јун Санг-хјун тврди дека ова е веќе 14 погубување меѓу функционери од Северна Кореја во изминатите две години.