Хуманитарна акција за помош на семејството Коџаџиклиоски

Пред 2 недели во пожар целосно изгоре куќата на Абдуле и Шаха Коџаџиклиоски и ги остави под ведро небо заедно со нивните две дечиња. Им помогнаа комшиите, пријатели, добронамерни луѓе, помош со изградба на нивниот дом најави градоначалникот на Кичево.

Да ја покажеме уште еднаш хуманоста на кичевчани и да им помогнеме.

Во недела на ден 28.10.2012 од 12:00, улица Владимир Полежиноски (порано 29 ноември) бр.48, населба Подварош ќе се одржи хуманитарна акција и сите кои се во можност да донираат на ова семејство како на пример дрва, прибор за јадење, облека можат тоа да го сторат.  Семејството  замолува доколку некој има витрина (плакар), било што каде што би можеле да ги оставаат алиштата би Ви биле благодарни од срце.
Телефон на семејството Коџаџиклиоски 070952006.

Линк до FB настанот: http://www.facebook.com/events/170116563126208/