Уништени над 2 тони оружје во кичевско

Категории: Кичево

Во месноста Стари бункери, во близината на селото Извор, Кичевско, во две контролирани експлозии беа уништени над два тони минско-експлозивни средства, пронајдени во западниот дел на Македонија во последните два месеца.

Операцијата ја изведе екипа на пиротехничари од Дирекцијата за заштита и за спасување од подрачните единици од Скопје, Тетово, Кичево, Прилеп и од Битола.

– При операцијата се уништени вкупно 160 парчиња артилериски гранати со калибар од 40 до 205 мм, минофрлачки гранати со калибар од 60 до 82 мм, рачни бомби и други убиствени средства, кои нашата дирекција ги исчисти во последните два месеца во западниот дел на Македонија. Се работи за неексплодирани минско-експлозивни средства од Првата и Втората светска војна – вели Тодор Грков, раководител на Секторот за планирање, организирање и за спроведување мерки во Дирекцијата за заштита и за спасување на Република Македонија.

Полигонот во месноста Стари бункери нуди одлични услови за вакви контролирани експлозии, без да има дополнителни последици по месното население и нашите пиротехничари. Од дирекцијата најавуваат дека и понатаму ќе се продолжи со активности на целата територија на Македонија, а уништувањето на овие направи ќе биде извршено кога ќе се соберат поголеми количества убиствени средства.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,