Жито Прилеп пресилен за Кичево-10

Категории: Спорт

Фаворитската улога екипата на Жито Прилеп во целост ја оправда во мечот со Кичево-10, кој прилепчанки го добија со резултат 21:37(6:17). Уште од самиот почеток на натпреварот беше очигледно дека гостинките нема да имаат тешка задача да дојдат до трите бода .

Така и резултатот од минута во минута одеше во прилог на прилепскиот супер лигаш.Разликата секако ќе беше и многу поголема ако гостинскиот тренер не им дадеше шанса на сите ракометарки што ги имаше на клупата.Екипата на Кичево-10 со просечна старост на ракометарките од само 15 години е вистинска детска градинка за останатите суперлигаши.

Во таа млада екипа со своите игри предничи Теодора Митаноска, која и на овој натпревар со 8 постигнати гола беше најефикасна во домашниот состав и заедно со Ходак начесто ги тресеа противничките мрежи.Младата Митаноска задоволна од својата игра, но помалку разочарана од поразот на Кичево-10.

-Знаевме дека екипата на Жито Прилеп е квалитетен состав, што се потврди и во самиот натпревар.Ние одигравме во рамките на своите можности, што секако не беше доволно да се радуваме на крајот на мечот-рече младата Митаноска.

Покрај Митаноска во домашниот состав се истакна и Ходак,додека во гостинската екипа подобри од останатите беа Стојановиќ,Мркиќ,Шалеска и Здравеска, кои воедно беа најефикасни во прилепскиот состав.

Зоран Антоски

Извор: http://www.sportefe.com.mk

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,