Канонизирани 40-те битолски маченици

Категории: Македонија, Слајдер

Со голем народен собир во Битола, Македонската православна црква, со свечена божествена литургија во црквата Свети Великомаченик Димитрија ги канонизира светите 40 битолски маченици. Иконата на 40 маченици со црковен оркестар и поворка прошета низ Битола меѓу верниците, на Магнолија се одржа почесно слово во нивна чест. 40 бели гулаби летнаа во знак на нивното возвишение за оние кои настрадале за верата нежалејќи го својот живот за верата при опсадата на Битола од страна на Османлиите во 1385 година.

„Македонскиот народ одсекогаш својата вера во Господ ја докажувал со истрајност и жртви како овие 40 битолски маченици.”-вели архиепископот Г.Г. Стефан.

 

„Света војна на доброто против злото, не со физички војни, не со боеви муниции, туку со сечилото на зборот, на доброто. И сето тоа да биде со добри намери и со добри цели, за доброто на целиот народ, не двоиме религија, народи, народност, туку исклучиво да објавиме војна против злото. Само така сите кризи можеме да ги надминиме – изјави владиката Петар.

Светите 40 битолски маченици се 39 монаси кои го бодреле населението да издржи во опсадата и подоцна во маките по освојувањето на Битола од страна на Османлиската војска и 1 Турчин кој преведувајќи ги зборовите на монасите ја примил Православната вера па подоцна и тој настрадал.

На 9 март 1385 година на сите им биле отсечени главите на Баирскиот рид во близина на Битола и нивните тела биле расфрлани по планината Баба за да им се изгуби трагата и сеќевањето и влијанието кое го имале кај битолчани.

Но народот го зачувал споменот и на местото каде биле погубени изградил црква кое го носи името Свети 40 маченици.

На 2 август, Илинден, во манастирот Света Богородица Пречиста беа канонизирани Светите Пречистански Маченици, Пајсиј, Евнувиј и Аверкиј.

Црквата Свети 40 Маченици во Битола (ФОТО: Премин Портал)

Каменот на кој биле отсечени главите на Светите 40 Битолски маченици (ФОТО: Премин Портал)

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , ,