Ураганот Сенди со сета жестина го удри источниот брег на САД

Категории: Свет

Како што пренесе телевизијата FoxNews ураганот Сенди предмалку со сета своја жестина го погоди источниот брег на САД кај Нов Лондон. Добрата вест, ако може така да се рече, е тоа што ја губи силата. Претседателските кандидати Ромни и Обама ги прекинаа кампањите. Претседателот Барак Обама изричито порача да се евакуираат сите на кои ќе им биде укажано на тоа, без дополнителни прашања. Првичните проценки се дека ураганот ќе предизвика штети во висина од 20 милијарди долари и ќе има долгорочни последици врз снабдувањето со струја на овој дел на САД.

Поради ураганот неизвесно е одржувањето на претседателските избори во овој дел од Америка.

Следете го во живо движењето на ураганот на следниот линк: http://video.foxnews.com/video-live-streaming.html?video_id=1155606219001

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,