Скечот со кралицата Елизабета и Џемс Бонд снимен во најстрога тајност

Категории: Магазин

Филмскиот скеч на британската кралица Елизабета и глумецот Даниел Крејг, во улогата на Џемс Бонд, прикажан на свеченото отворање на летната Олимпијада во Лондон е снимен во најстрога тајност.

За идејата, како и за снимањето, знаел мошне ограничен број луѓе, а целиот проект бил сосема сокриен и од членовите на потесното кралско семејство, вклучувајќи ги и престолонаследникот Чарлс и неговите два сина, војводата од Кембриџ, Вилијам и принцот Хари, јави дописникот на МИА од Лондон.

Преговорите со кралицата ги водел лично премиерот Дејвид Камерон, кој прв пат и ја изнел идејата за настап во филмскиот скеч на кралицата за време на една од неговите повремени аудиенции во Бакингамската Палата.

Филмот во траење од 4,5 минути е подготвуван во приватната канцеларија на кралицата, каде Бонд ја известува за „тајната мисија“, што ја има во врска со Олимписките Игри. Потоа кралицата и Бонд заминуваат од Бакингмската палата, што е во центарот на Лондон и со хеликоптер се упатуваат до Олимпискиот Парк, на крајниот исток од градот, каде се беше подготвено за свеченото отворање на Игрите. Над стадионот, кралицата и Бонд „скокаат“ од хеликоптерот за да дојдат на отворањето на Олимпијадата. Од леталото всушност, скокаат двајца падобранци, облечени во облеката што ја имаат кралицата и Џемс Бонд при влегувањето во хеликоптерот.

Кусиот филм и артистичкото деби на 86 годишниот британски суверен, предзвика најпрво збунетост околу тоа дали станува збор за кралицата или за некоја глумица, а кога таа дилема беше брзо отстранета, скечот предизвика сензација и воодушевување кај Британците.

Тие за прв пат открија дека кралицата и на сегашната возарст прифаќа шега, поради што тој дел од свеченото отворање на Игрите беше најгледаниот во директниот пренос, што го следеа околу 28 милиони луѓе.

Идејата за скечот е на режисерот на церемонијата на отворањето, Дани Бојл и таа била веднаш прифатена од премиерот Камерон, неговиот заменик Ник Клег и од претседателот на организациониот комитет лорд Коу. Сите стравувале дека кралицата ќе ги одбие и нема да прифати да глуми една од „девојките“ на Џемс Бонд.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , ,