ФОТО: Најголемиот трговски центар во западна Македонија

Категории: Мултимедија, Слајдер

На 1 километар од Тетово почната е изградбата на најголемиот трговски центар во западна Македонија – Палма Мол.

По повеќе годишно планирање и подготовка, во Септември 2011 година инвеститорот Палма Трејд  ги постави темелите на новиот објект, со што и започна градежниот процес на поврзување со веќе постоечкиот објект во најсовремен трговски центар во градот Тетово – Палма Мол.

Палма Мол се простира на површина од 32.000 метри квадратни, на 4 нивоа со подземен паркинг од 250 места со вентилирачки систем и 24 часовен мониторниг со камери и редари. Со постоечките 250 паркинг места од отворен тип, вкупниот капацитет за паркинг на Палма Мол е 500 места и истиот ќе биде бесплатен. Центарот ќе има околу 80 продавници со најразлични содржини како кафетерии, ресторани, содржини за деца и возрасни, реномирани светски брендови за облека, па се до Рамстор маркет, продавница за роба за широка потрошувачка и слично.

Во градежниот процес на Палма Мол учествуваат исклучиво компании од Македонија со повеќе од 300 работници, а проектант е реномираното домашно архитектонско студио ДСЦ Дизајн, со што инвеститорот сака да го даде својот скромен придонес во домашното стопанство.

“Инвестицијата за изградба на Палма Мол вредна 20 милиони евра претставува значаен придонес како за домашната економија, така и за градот Тетово и овој дел на Македонија кои ќе добијат трговски центар од светски стандарди каде што сите посетители ќе имаат можат да ги извршуваат своите секојдневни потреби и да уживаат во најразличните забавни содржини” – истакна инвеститорот г. Неат Џеладини од Палма Трејд.

Отварањето на Палма Мол е предвидено за втората половина на 2013 година кога се планирани да завршат сите градежни активности поврзани со спојувањето на новиот со постоечкиот објект. Отварањето на Палма Мол ќе овозможи нови 200 работни места, кој со постоечките 150 би биле вкупно 350 работни места.

Фото: Курир

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,