Култните Лајбах на 17-ти ноември во Скопје

Категории: Магазин

Во рамките на турнејата “We come in peace”, култниот словенечки бенд Laibach на 17 ноември ќе одржи концерт во Скопје.

Концертот ќе се одржи во Метрополис арената, а цената на билетот е 500 денари. Билетите можат да се набават на сите продажни места на сервисот „МК тикетс“, како и во „Југотон рекордс“, „Камарад“ во „Рамстор“, кафулето „Круг“ во Аеродром и цвеќарницата „Розе“ во „Веро 2“, во Скопје, а низ земјава во Куманово во „Агора“, во Битола во „Хард рок“, во Охрид во „Зизи топ“, во Гевгелија во „Кафе Корзо“, во Дом на млади во Штип и во Кочани во Комисион „Шишко“. Интересот за билетите е огромен и се очекува за брзо да се распродадат.

Laibach е бенд кој има извршено големо влијание врз познати метал групи. Мегапопуларниот германски состав Rammstein отворено изјавуваат дека токму словенечкиот состав има извршено најголемо влијание врз нивниот стил.

Овој бенд, заедно со нашиот Мизар и српската ЕКВ беа најмоќните состави во поранешна Југославија кои неретко доаѓаа во судир со тогашната политика, но и општество поради стилот кој го негуваа. Од овие три состави, за жал ЕКВ повеќе не постои, додека Laibach и Мизар продолжија да бидат бендови кои се повеќе имаат нова и млада публика.

Бендот последно гостуваше во Македонија во 2007 година на фестивалот „Таксират“.

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,