Воскреснува Светиклиментовиот универзитет на Плаошник

Категории: Македонија, Слајдер

Градежните фирми „Митан-пром“ од Охрид и „МЗТ-инженеринг“ од Битола вчера гизапочнаа градежните активности од проектот за возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник во Охрид.

Како што истакна директорот на Управата за културно наследство Паско Кузман, предвидено е изградбата на предвидените објекти да биде заокружена во рок од околу 16 месеци.

– Ова е поединечен, делумен проект и не се однесува на целиот проект. Изградбата на Универзитетот ќе се одвиваат во делови, поради искуствата од претходниот тендер, а и работите да се одвиваат полесно, изведувачите да можат да ги спроведат предвидените активности, а и финансиски да се справиме. Штом биде завршен овој дел, уште во фазата на негово заокружување, ќе биде распишан тендерот за останатите објекти, појасни Кузман.

Во првата фаза е предвидено да бидат изградени три објекти западно од црквата на Плаошник, од кои Музејот на Плаошник и Светиклиментовата библиотека додека во втората фаза ќе се градат галеријата, Факултетот за теолошки науки и резиденцијалниот монашки комплекс.

Кузман додаде дека за крај ќе биде оставена реализацијата на третиот комплекс, кој предвидува изградба на афилијациите на познати светски универзитети.

Во врска со вредното архелошко наследство пронајдено на локалитетот Плаошник, Кузман појасни дека сето ќе биде презентирано и достапно на јавноста.

– Дел од архитектонските остатоци од старите цивилизации од сите периоди на Плаошник ќе останат слободни, а дел од нив ќе бидат вкомпонирани во новите објекти на Светиклиментовиот универзитет, додаде Кузман.

Управата за заштита на културното наследство претходно го раскина договорот за реализација на проектот зклучен со хрватската фирма „Конструктор инженеринг“, од причини што изведувачот ја оддолжуваше изградбата, немаше доставено банкарска гаранција во предводениот рок, не постапувал според забелешките на Надзорниот орган и не исполнил повеќе обврски за навременото почнување на реализација на проектот.

Проектот Светиклиментов универзитет е еден од најголемите од областа на културното наследство во Република Македонија, со првична проценка дека неговата реализација ќе изнесува околу 24 милиони евра. Предвидено е во рамки на комплексот на Све­тик­ли­мен­то­ви­от уни­вер­зи­тет да бидат изградени ар­хе­о­лош­ки му­зеј, му­зеј на сло­вен­ска­та пис­ме­ност, му­зеј на пре­род­бе­ни­ци­те, охридската га­ле­ри­ја на ико­ни, Све­тик­ли­мен­то­ва биб­ли­о­те­ка што според најавите ќе биде нај­бо­га­та на Бал­ка­нот со стартни над сто илјади наслови, ма­ке­дон­ски ин­сти­тут за ху­ма­нис­тич­ки на­у­ки, Бо­гос­лов­ски фа­кул­тет, ма­нас­тир­ски ко­на­ци, афи­ли­јации на свет­ски уни­вер­зи­те­ти, како и светиклиментова градина – место за одмор и креативна инспирација.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , , , ,