Напредок VS Вардар, досегашни статистики пред дербито во недела

Во недела Напредок гостува на екипата на Вардар на арената „Филип II“ во Скопје. И двете екипи сезаонава се во одлична форма. Сеуште не сепознати составите со кои ќе си ги одмерат силите. Екипата на Напредок влегува силно мотивирана да го порази Вардар и на гостински терен откако пред 2 месеци однесе минимална победа со 1:0 во Кичево.

Моментална табела во ПМФЛ:

1. Вардар 12 7 3 2 26:9 24
2. Шкендија 12 7 3 2 25:13 24
3. Турново 12 6 5 1 15:9 23
4. Напредок 12 7 1 4 15:12 22
5. Мет. Скопје 12 6 2 4 15:11 20
6. Брегалница 12 5 2 5 13:10 17
7. Дрита 12 4 4 4 15:19 16
8. Работницки 12 4 2 6 18:23 14
9. Ренова 12 4 2 6 13:20 14
10. Пелистер 12 3 3 6 12:17 12
11. Силекс 12 2 3 7 10:18 9
12. Тетекс 12 1 2 9 6:22 5

Има неколку причини кои го прават овој натпревар исклучително значаен за Напредок. Првата е секако зацврстување на позицијата за излез во европските купови. Напредок е моментално на четвртата позиција, со само 2 бода помалку од Вардар. Вторта причина е што  нови 3 бода би му донеле минимум едно место погоре, максимум прво место на табелата со што за прв пат во својата историја клубот би се нашол на чело на ПМФЛ. Третата причина е да се порази силниот Вардар што за секој клуб во лигата е предизвик со оглед на реномето на најтрофејниот македонски клуб, а Напредок оваа сезона ги има и силите и квалитетот и веќе еднаш го надигра.

Што покажуваат досегашните статистики за меѓусебните дуели помеѓу Напредок и Вардар за последните 10 години? Одиграле 22 меча и Вардар е убедливо подобар со дури 14 победи од кои 10 дома, во Скопје и 4 во Кичево. Вардар на двапати победувал убедливо во дома со 5:1 (19 ноември 2011 и 10 септември 2006), а најубедливата победа над кичевчани во гости ја однеле на 12 март 2005 година во Кичево.

Напредок бил подобар на 3 натпревари, сите дома во Кичево. Најубедливата победа над Вардар ја однел на 31 мај 2005 во Кичево кога победил со 5:3. На 18 септември 2010 Напредок победил со 2:1, а последната победа беше на 19 август оваа година со минимални 1:0.

Двете екипи играле петпати нерешено, и тоа четири пати во Кичево и еднаш во Скопје.

19.08.12

Напредок

Вардар

1 : 0

08.04.12

Напредок

Вардар

0 : 0

19.11.11

Вардар

Напредок

5 : 1

13.08.11

Напредок

Вардар

0 : 1

28.05.11

Вардар

Напредок

1 : 0

11.12.10

Вардар

Напредок

2 : 1

18.09.10

Напредок

Вардар

2 : 1

04.04.09

Вардар

Напредок

2 : 0

07.12.08

Напредок

Вардар

1 : 1

20.09.08

Вардар

Напредок

4 : 2

31.05.08

Напредок

Вардар

5 : 3

28.10.07

Напредок

Вардар

0 : 0

07.08.07

Вардар

Напредок

5 : 1

13.05.07

Вардар

Напредок

2 : 0

26.11.06

Напредок

Вардар

1 : 3

10.09.06

Вардар

Напредок

5 : 1

24.04.05

Вардар

Напредок

3 : 0

12.03.05

Напредок

Вардар

0 : 4

17.10.04

Вардар

Напредок

1 : 1

16.05.04

Напредок

Вардар

2 : 3

21.03.04

Напредок

Вардар

1 : 1

19.10.03

Вардар

Напредок

4 : 1

Овие резултати се веќе историја. Зборуваат за време кога кичевчани беа со послаб состав, а разликата во квалитетот видлива. Но Напредок секогаш бил тежок противник за Вардар. Оваа сезона е се поинаку бидејќи кичевскиот состав еден од клубовите кои целат кон врвот.

Во последните 5 натпревари Напредок има 4 победи од кои 3 дома (Ренова, Тетекс, Брегалница) и 1 на гости (против Работнички), како и 1 пораз и тоа на гости против Турново со минимални 1:0.

Вардар во последните 5 меча има 2 победи, 2 нерешени и 1 пораз.

Во недела покрај дербито Вардар – Напредок, во исто време се игра и дербито Шкендија – Турново. Екипата на Турново веќе 2 меча наназад нема победа, додека Шкендија има 2 победи едно по друго. Уште една екипа која претендира на добар пласман и излез во Европа е скопски Металург кој моментално е петтопласиран со 2 бода помалку од Напредок, а во недела игра против битолски Пелистер во гости.

Нема сомнеж дека сите силно ја посакуваме победата над Вардар во недела која е сосем реална. Само напред Напредок!