Египетската Коптска црква со нов поглавар

Категории: Свет

Епископот Тавадрос е новиот поглавар на Коптската црква. Тој ќе биде на чело на најголемата христијанска заедница, во момент на политички промени и откако исламистите ја презедоа власта во Египет.

Во раскошниот ритуал исполнет со молитва, верници и темјан, во црквата Свети Марко во Александрија, името на 60-годишниот владика од стаклена чинија го извлече момче со превез преку очите, меѓу имињата на двајца кандидати.

Кандидати беа епископот Тавадрос од провинцијата Бехеира од делтата на Нил, епископот Рафаел (56), доктор по медицина и помошникот епископ за централен Каиро и отец Рафаел Ава Мина (70).

Тавадрос го замени епископот Шенуда Трети, кој ја водеше Коптската православна црква четири децении до март оваа година, кога почина на 88-годишна возраст.

Православните верници од својот нов црковен поглавар ќе побараат да се „слушне гласот на христијаните“, кои долго се жалеа на дискриминацијата во Египет.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,