Г.г.Стефан: За решавање на спорот потребно е расположение од двете страни

Категории: Македонија

Нацрт договорот од Ниш меѓу Српската православна црква и Македонската православна црква е завршен и не важи, бидејќи тој не беше прифатен од Свети архиерскиот Синод. Потребно е и двете страни да имаат расположение за решавање на спорот меѓу СПЦ и МПЦ, но засега и покрај низата децениски  средби и разговорите договарањето за решавање на спорот се уште е на својот почеток.

Ова денеска го изјави поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија г.г. Стефан по осветувањето на новата црква „Свети Климент Охридски“ во Штип.

– Мораме да стартуваме со нешто друго, што би значело прифатливо од двете страни за разлика од тој веќе спомнат текст од Ниш, истакна г.г. Стефан.

На новинарско прашање дали има сигнали за нов почеток за решавање на спорот меѓу двете цркви, поглаварот на МПЦ г.г. Стефан рече дека веќе имало изјави и предлози од двете страни.

– По најавите на претседателот на Србија, вие знаете дека веќе имаше изјави од архиереј на МПЦ и од Синодот, имаше и изјави од архиереј на Српската православна црква и од самиот патријарх на неговата светост господин Иринеј и веројатно и двете страни ќе направат она што е потребно да го направат и веројатно ова ќе го имаат како поука наместо духовниците да ги поучуваат државниците за црковните работи се случи обратното, за што им благодарам, посочи г.г. Стефан.

Тој истакна дека во текот на децениските средби нашата православна црква предлага и стои зад самостојноста и автокефалноста на Македонската православна црква, онаква каква што ја имала Охридската архиепископија, но и сите возобновени цркви, како што е Српската односно некогашната Печка епископија, Трновската патријаршија, а денеска Бугарската православна црква и како што е и Албанската во соседството.

Г.г. Стефан истакна дека самочистењето на фреските во храмот „Свети Димитриј“ во Скопје, МПЦ го нарекува необичен настан, па и чудо.

– Во празниците, кога се чистеше црквата немаше ни влага, а разумни луѓе ја чистат просторијата односно самиот храм, така што немало од повеќе влага за да може со месеци да се самочистуваат фреските. Јас им благодарам на сите што си земаат право да коментираат, но нека ја остават црквата за црковните прашања, рече г.г. Стефан.

Поглаварот на МПЦ истакна дека отец Гаврил Лесновски е прифатен од страна на народот како светец, а останува на МПЦ наскоро и да го канонизира.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , ,