Кичево 10 реди дебакли

Категории: Спорт

Кичево 10 –Вардар СЦБТ 19:52 (10:21)

Нова хаварија на кичевскиот суперлигаш. Гостинската екипа беше превисока пречка за домашниот состав, кој го одигра најслабиот натпревар сезонава. Вардарки за цело време играа со резервниот состав но и овој играчки потенцијал беше доволно силен да го детронизираат домашниот суперлигаш, кој беше под рамништето на еден тим од елитната лига.

Од самиот старт гостинките ја најавија својата доминација и како одминуваше натпреварот така разликата во голови од минута во минута се зголемуваше. До полувремето домашните девојки колку толку даваа одреден отпор за во второто полувреме на теренот да постои само една екипа. Вардарки кога ќе поскаа ја тресеа домашната мрежа за на крајот да застанат на 52 постигнати гола.

Драган Белески – Кичево 10:  Спортски е да се загуби еден натпревар поготово од екипа како што е Вардар. Но разочаран сум од инертноста на нашите ракометарки и нивната крајно индолентна игра. Ако девојките продолжат и на наредните натпревари да се однесуваат како денес, тогаш моите амбиции да го помагам ракометниот клуб ќе завршат пред време.

                                                                                                                                  Зоран Антоски-Кичево

Извор: www.sportefe.com.mk

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,